strumica denes logo

Николовски: Станавме 13 земја во светот по извоз на вино во 2022 година!

Автор:

Датум:

септември 14, 2023

Автор:

Датум:

септември 14, 2023

„Треба да се цени трудот на лозарите бидејќи ова е традиционална гранка во нашата економија. Очекуваме огромен извоз од овој сектор. Во 2022 година станавме 13 земја во светот по извоз на македонско вино“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Тој додаде дека ако се земат бројките од последните години извозот на флаширано вино е дуплиран.

„Само во последната година имаме за 10 милиони евра раст од извозот на флаширано македонско вино. Се намалува извозот на наливно вино, а се зголемува вредноста на извозот на вино во шишиња“ рече Николовски.

Министерот рече дека ако претходно извозот беше 49 милиони евра, во 2022 тој изнесувал 59 милиони евра.