strumica denes logo

НИКОЈ НЕ БЕШЕ ЗА РУДНИК: СОВЕТОТ НА ОПШТНА НОВО СЕЛО ДОНЕСЕ СТАВ ПО ПРАШАЊЕТО ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА-ШТУКА!

Автор:

Датум:

јули 22, 2023

Автор:

Датум:

јули 22, 2023

На вчерашната 33-та седница на Советот на Општина Ново Село од страна на Советникот од Здрава котлина, Костадин Ристоманов, како дополнување на Дневниот ред беа предложени 2 точки кои се однесуваат на Рудникот Иловица-Штука.

Точките беа прифатени и ставени на Дневен ред од страна на Претседателот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Петар Марков по што едногласно беа усвоени.

Содржината на донесените одлуки беа:

1. Против отварање на рудник за злато и бакар во Иловица и Штука
2. Против било какви идни истражувања за металични суровини и било какви објекти на територијата на Општината од класата Г1- тешко загадувачка индустрија, во кои спаѓаат сите рудници, топилница и сл.

Со овие одлуки отпорот кон криминалното владеење на ДУИ се подига на ново, и како што на самата седница беше споменато, оставки мора да следуваат од сите членови на Владата почнувајќи од министерот Бектеши.