strumica denes logo

РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Свинско со зеленчук во земјена тава

Автор:

Датум:

јули 10, 2023

Автор:

Датум:

јули 10, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– свински врат 🥩
– шампињони 🍄
– пиперка 🫑
– кромид 🧅
– морков 🥕
– кајмак
– кашкавал 🧀
– бело вино 🥂
– путер 🧈
– зачини: сол, црн пипер, вегета 🧂

Начин на подготовка:

🔪 Свинското и зеленчукот насечете ги.
Шампињоните ставете ги да се пржат во тава со малку масло, а откако ќе се пропржат додадете 2 лажици кајмак, промешајте да се соединат и тргнете настрана.
🥩 Во истата тава, ставете го месото да се пржи, а потоа додадете го и зеленчукот и зачините.
🥂 По некое време, додадете бело вино и оставете да се крчка.
🥘 На крај, во тавата додадете ги и шампињоните со кајмакот, промешајте и префрлете во земјена тава или грне, ставете коцки путер, поклопете и ставете да се пече на 230-250 степени околу еден час.
🧀 На крај, ставете рендан кашкавал и вратете го уште 10 минути.

 

Видео: