Заради лошите временски услови, промоцијата, наместо на отворено се одржа во затворениот дел од црквата “Св. Ѓорги” во Муртино.
Книгата кратки раскази (анегдоти) од струмичко, напишана на струмички дијалект е досега единствена од таков вид објавена на овие простори.
Промотивни говори одржаа: писателот Киро Донев, фолклористот Иван Котев и д-р Ана Витанова-Рингачева, професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип.
Присутната публика уживаше во неколкуте хумористичните анегдоти прочитани од Рената Атанасова.