strumica denes logo

Денес се слави Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски

Автор:

Датум:

јуни 23, 2023

Автор:

Датум:

јуни 23, 2023

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.