strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ ЗОРАН СПАСОВ БЕШЕ ПОКАНЕТ ВО СВЕТСКАТА КУЌА НА СЛАВНИТЕ И ДОБИ НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ „ГРАНД МАЈСТОР“ НА ГОДИНАТА!

Струмичанецот Зоран Спасов, викендот престојуваше во Лисабон, Португалија каде го доби големото признание „Гранд мајстор на годината” во боречки вештини. Ова престижно признание му беше доделено во светската куќа на славните, каде што беа присутни врвни експерти и практичари од целиот свет.

Зоран Спасов е пример за одличен тренер и борец, способен да го надмине секој противник со својата техника и стратегија. Неговите боречки вештини и перформанси го издвојуваат од останатите и го прават достоен за престижната доделена титула во Португалија.

Автор:

Датум:

јуни 19, 2023

Категории:

Спорт, Струмица