Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во Галија беше испратена специјална потера за да ги побара и да ги фати сите христијански мисионери. Тие прво го фатија и го убија свети Дионисиј, а потоа тргнаа да го бараат и свети Лукијан. Го најдоа во Белгија, заедно со неговите помошници, презвитерот Максијан и ѓаконот Јулијан, па на едно место ги убија овие двајцата, а на друго го заклаа Лукијан. Откако му ја исекоа главата, мртвото тело на Лукијан се дигна од земјата, ја зеде својата глава со рацете (слично како телото на свети Дионисиј, а и на Свети Јован Владимир) и така отиде до она место каде што сакаше да биде погребан. Овде падна и го погребаа. Над неговите мошти подоцна изградија црква.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Лукијан
Македонците внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното
Во Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе…
Очекувања од идната влада: Намалување на партизацијата, корупцијата и повисоки плати
Идниот парламентарен состав треба да вложи повеќе во младите бидејќи тие не се чустувуваат сигурно во државата. Телевизија 24 направи…
Се печатат учебниците за следната учебна година
Министерството за образование на Фејсбук соопшти дека започна печатењето на сите учебниици од прво до седмо одделение, кои досега се…
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
Матурантите ги минуваат последните денови во училишните клупи. Си ги повторуваат наставните предмети и се спремаат за полагање на државна…
Како што се посочува во документот, посетата била фокусирана на полицискиот третман, вклучително и на поплаки за наводно полициско малтретирање,…
(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот…