Одбојкарката Елена Пандева од Струмица го развеа македонското знаме во Италија откако со нејзиниот тим Феникс Монополи обезбедија влез за игра во повисок ранг, односно влез во Б лигата. Синоќа во финалната мајсторка извојуваа победа против противникот со резултат од 2:3 во сетови.
„Игравме против Монтерони, силна екипа кои беа на врвот од другата група, а ние цела сезона втори во нашата. Но ете, тука сме…Феникс Монополи испишува историја за влез во Б лигата.“ – изјави Елена за Струмица Денес.
Ова е трета сезона за Пандева надвор од Македонија и скоро секоја година го остварува истиот успех, влез во повисок ранг. Честитки од тимот на Струмица Денес.