КОМУНАЛЕЦ-СТРУМИЦА:
Со цел за подобрување на јавната чистоќа ЈПКД „Комуналец„ Струмица започна со акција за генерално чистење на Струмица. Во акцијата се влучени 30 работници, две машини за метење на улиците , 4 трактори, еден камион а по подигањето на сметот и метење на улиците вклучена е и цистерна која врши перење на истите. Акцијата започна со градските населби Карпош и Чифлик и се замолуват сите граѓани од овие реони кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12 часот како би бил подигнат во текот на денот.
Акцијата продолжува и наредните недели во месец Јуни и реонски ќе биде опфатен целиот град.