Уште од моментот кога мобилните телефони влегоа во нашите животи во новиот милениум, се отвори дебатата за тоа покрај добрите страни, какви лоши ефекти имаат. Зрачењето е она кое предизвикува загриженост за здравјето на корисниците. Но, струмичанецот Трајче Стојанов има решение за ова прашање.
Трајче Стојановски е млад и иновативен македонски машински инженер кој беше еден од најдобрите студенти на Машинскиот факултет „Св. Кириј и Методиј“ -Скопје. Стојановски неодамна отвори своја компанија која изработува иновативни маски кои штитат од зрачењето на телефоните и е единствена таква во светот. Како што вели тој за нашиот портал, маските се изработени од специјален материјал кој блокира штетните ефекти на зрачењето.
„Долго се зборува за овој проблем. Постојано се актуелизира темата дека зрачењето од мобилните телефони може да има негативни последици за нашето здравје, па решив да изработам нешто што би ги заштитило луѓето од тоа”, изјави Стојановски.
Во моментот заштитните маски се продаваат онлајн на следниот линк https://safe-accessories.com/mk-mk. Истите се достапни и низ повеќе држави, а најмногу се користат во Италија.
Останати достигнувања на Трајче Стојановски:
– Обука „Вештини за успех“.
– Тим лидер на натпреварот EBEC 2021
– Тим лидер на проект по предметот „Конструирање на уред за разделување на плочки“
– Дипломски труд на тема „Достигнувања и можности за примена на сончеви колектори кај електричните возила“
Компанијата на Стојановски може да ја пронајдете и на следниот фејсбук линк: https://www.facebook.com/safeaccessoriesofficial, на инстаграм safe_accessories_official или на телефонскиот број: 072 544 518