Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!
Потребни состојки:
– тортиљи 🫔
– црвен кромид 🧅
– пиперка 🫑
– домат 🍅
– црвен грав од конзерва 🫘
– сланина 🥓
– јајца 🥚
– кашкавал 🧀
– зачини: сол, црн пипер 🧂
Начин на подготовка:
🔪 Сланината, кромидот, пиперката и доматот насечете ги на ситни коцки.
🍅 На доматот одделете ја срцевината или поводниот дел.
🥓 Сланината ставете ја на загреана тава да се запржи, потоа додадете ги кромидот и пиперката.
🥘 По неколку минути, истурете го црвениот грав и срцевината од доматот и оставете да се крчка уште неколку минути.
🥚 Потоа, на тава со путер испржете ги јајцата со постојано мешање и додадете сол и црн пипер.
🌯 На тортиљите ставете најпрво од смесата со грав и сланина, потоа од кајгана јајцата, па насечканите домат и на крај парчиња кашкавал.
🕚 Замотајте и потпечете ги на тостер подмачкани со путер.