Машката одбојкарска репрезентација дојде до втора победа на домашен терен во Златната лига откако денес во „Борис Трајковски“ совладана беше Хрватска по долга битка од два ипол часа.
Македонските одбојкари имаа водство од 2:0, но место мирно завршување на работата дозволивме Хрватска да се врати на 2:2 и мечот да отиде во петти сет каде сепак не ја испуштивме победата.
Со одличниот почеток поведовме со убедливи 25:17 во првиот сет, Хрватска се разбуди во вториот, но и тој го добивме со 25:22. Првиот сет Хрватите го освоија со 22:25, додека четвртиот донесе изедначена игра, а го добија гостите со 31:29.
Одлучувачкиот петти сет добро го отворивме и констатно имавме предност, но Хрватска успеа да дојде до 12:12. Во клучните моменти нашите одбојкари беа на висина на задачата и со конечни 16:14 го го добија сетот и обезбедија втора победа по првата против Белгија.
Струмичанецот Никола Ѓорѓиев кој претставува синоним за македонската одбојка, реализираше 30 поени!