Како што најавивме пред некој ден, денеска и официјално, Матеничаров Илија се враќа во својот матичен клуб, со нова функција – Потпретседател на ФК Беласица. За Матеничаров и неговата кариера во фудбалот се запознаени струмичани и цела македонска јавност и што тој може да и понуди на нашата Беласица.
Претседателот Славчо Васков – Пинда му ја довери функцијата, преку која ќе има главна задача да ја врати старата, блескава и препознатлива младинска школа на ФК Беласица, сега откако нашите млади сили изборија пласман во младинската Суперлига. Реорганизација, донесување на нови познати и талентирани тренери, како и подигање квантитативно и квалитативно на младинската школа со нови талентирани фудбалери се низата предизвици со кои Матеничаров ќе се соочи.