Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Зборот е збор!
Ветив дека ќе работам во интерес на граѓаните и ќе го слушам нивниот глас, тоа и го правам.
Го решаваме долгодишниот проблем со просторот на којшто се наоѓа „маларичната“ болница во Струмица.
Денеска започна рушењето на овој стар објект и останатите придружни времени објекти, а по целосното расчистување тука ќе изградиме повеќенаменско игралиште и паркинг.
Им благодарам на граѓаните од Турското маало за разбирањето и поддршката.
Вака се сака Струмица и се учествува во нејзиниот развој.