strumica denes logo

ГОРАН ПАНДЕВ Е ЛЕГЕНДА ВО ЦЕЛА ИТАЛИЈА – ПО ИНТЕР, ГОЛЕМА ПОЧИТ МУ ОДДАДЕ И ЏЕНОВА!

Автор:

Датум:

мај 7, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

мај 7, 2023

Категории:

Спорт, Струмица

Македонската фудбалска легенда по грандиозниот пречек на „Џузепе Меаца“ во Милано, сега беше одличнo пречекан и од неговиот поранешен клуб Џенова која денес величествено прослави враќање во Серија А.

Во Џенова денес навивачите на најстариот клуб во Италија прославија пласман во елитата по една година во втора лига.

Додека Сампдорија тагува поради испаѓањето во Серија Б, црвено-синиот дел од градот се радува на голем успех.

Предводени од Алберто Џилардино кој неодамна влезе во тренерски води, тимот на Џенова денес со триумф над Асколи од 2-1 и теоретски обезбеди враќање во А.

Гостин на натпреварот беше Горан Пандев кој од клубот доби дрес и плакета за се што стори за Џеновјаните.

Струмичанецот го доби дресот со својот број 19 додека илјадници тифози на „Луиџи Ферарис“ громогласно го скандираа неговото име.