strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА СЕМИЈА ДЕМОВА СЕ ЗАКИТИ СО ЗЛАТО И БРОНЗА НА МЕЃУНАРОДНОТО КУЛИНАРСКО ПРВЕНСТВО ВО БУДВА, ЦРНА ГОРА!

Автор:

Датум:

април 28, 2023

Категории:

Магазин, Струмица

Автор:

Датум:

април 28, 2023

Категории:

Магазин, Струмица

21 годишната Семија Демова од Струмица која е готвач во тимот на ,,Concept food and caffe bar“ се закити со злато и бронза на Меѓународното отворено првенство на туристичко-угостителски работници ,,Доживејте ги највкусните моменти“ кој во моментот се одржува во Будва Црна Гора. На ова отворено првенство со кое и официјално се отвара новата туристичка сезона на Будванската ривиера учествуваат готвачи од 12 држави од Балканот.

Семија Демова со своите кулинарски вештини и креативност ги задоволи највисоките критериуми на жирито кое и додели злато за приготвеното и вкусно рижото како и бронза за начинот на приготвената риба.

Ова е прво учество на Семија на едно меѓународно натпреварување каде заедно со Иван Велков и Анита Самарџиоска ја преставуваат Македонија на ова меѓународно натпреварување. Таа на натпреварот како најмлада учесничка успеа да експериментира но и да создаде прекрасни вкусови во специјалитетите што ги приготви и да ги импресионира публиката и жири комисијата.

Ова е нов успех за ,,Concept food and caffe bar“ откако Бранко Глигоров на неодамна завршениот Шампионат на светските пица мајстори кој се одржа во Римини Италија и во конкуренција на 1000 пица мајстори обезбеди пласман во ТОП 30 на на Шампионатот 🥇🥉