Вселенската компанија „Спејс-екс“ утре ќе се обиде да ја лансира најголемата ракета во светот, „Старшип“. Првиот обид за лансирање на ракетата на 17 април беше одложен поради проблем со горивото.
Новиот обид за лансирање на „Старшип“ е закажан за денеска, со почеток во 15:28 часот според средноевропско време. Преносот во живо ќе почне 45 минути порано, односно во 14:45.
Може да го следите лансирањето на ракетата преку веб-страницата на компанијата или на нејзиниот канал на „Јутјуб“, односно на видеото во продолжение.
„Спејс-екс“ планира да го лансира прототипот на својата ракета за да го тестира новиот систем за лансирање кој е создаден за да биде користен повеќепати. Ракетата е висока 120 метри и е највисока и најмоќна во светот. „Спејс-екс“ планира да ја користи оваа ракета за да испрати астронаути на НАСА до Месечината во 2025, како и за приватни вселенски летови.