strumica denes logo

ДОМАТ 250, ГРАВ 350 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ ПРЕД ВЕЛИГДЕН – ПИПЕРКИТЕ 250 ДЕНАРИ, А КРАСТАВИЦИТЕ ДОСТИГНУВААТ И ДО 180 ДЕНАРИ

Автор:

Датум:

април 15, 2023

Автор:

Датум:

април 15, 2023

Домат по цена од 250 денари по килограм, а грав од 350 денари се продава пред Велигден на зелените пазари низ земјата.

Ваквите цените опстојуваат и покрај владината мерка за нивно замрзнување. одлуката не се почитува, па така и пиперките поминуваат со 250 денари, а краставиците достигнуваат и до 180 денари.

Во маркетите пак производите често ги нема, иако се обврзани да продаваат 70 отсто од количината која ја имале во март. Двојно повисоките цени ги изреволтираа граѓаните за време на велигденските празници, додека пак продавачите се правдаат дека високи се набавните цени и трошоците.