Доколку внимавате на своето здравје или пак на внесот на калории на дневна база, ова чоколадно колаче е вистинскиот избор за вас. Содржи висок процент на какао бидејќи треба да употребите квалитетно, црно чоколадо, а смесата се состои главно од бадемово брашно.
Ќе го направите лесно и брзо, без да извалкате премногу садови во кујната.
Потребни состојки:
- 170 gr темно чоколадо со висок процент на какао (најмалку 70%)
- 115 gr путер
- 2 лажички екстракт од рум
- Прстофат сол
- 4 јајца
- 75 gr бадемово брашно
- 15 gr бело брашно
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180°С.
- Стопете го чоколадото на пареа. Во истиот сад додадете го путерот, малку омекнат и исечкан на коцки.
- Потоа додадете го румот и солта и измешајте со миксер или рачна маталка.
- Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките одделно во посебен сад додека не добиете бел, пенест крем. Додавајте ги жолчките една по една во првичната смеса и добро матете.
- Додадете го брашното од бадеми и обичното брашно и промешајте.
- На крајот додадете ги изматените белки и нежно измешајте ја смесата. Префрлете ја во кружен калап за торта којшто сте го намрсиле претходно со малку путер.
- Печете во загреана рерна околу 35 минути, и прелијте го колачот со чоколаден прелив и омиленото овошје.