Мусаката е магична избалансирана комбинација на месо, модар патлиџан, компири, млеко, јајца… Ова традиционално јадење е чест оброк на трпезата, бидејќи е едноставна и на сите им успева.
Може да се направи во најразлични комбинации на зеленчук, а овој пат ви носиме мусака од пире од компири.
Ако сте љубител на пире од компири, тогаш ова е идеалното јадење за ручек.
Состојки:
– 1 килограм компири
– 500 грама мешано мелено месо
– 1 главица кромид
– 1 чешне лук
– 1 децилитар сок од домати
– 2 јајца
– 1 децилитар млеко
– 2 децилитри павлака за готвење
– 1 лажица кисела павлака
– зачини по вкус
– магдонос
Подготовка:
Компирите сварете ги, па испасирајте ги, додадете малку путер, млеко и зачинете го пирето по вкус. На малку масло се пропржуваат ситно сечканите лук и кромид, се додава месото и зачините и се динста малку. По некое време, додадете сок од домати.
Во лесно набрашнет сад за печење ставете половина од пирето, па смесата со месото, па другата половина од пирето.
По желба одозгора може да се додаде и рендано сирење. Се пече 15-20 минути на 180-200 степени додека бојата на површината на мусаката не порумени.