По објавата на Струмица Денес за нашата мала хероина Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак, вчера во Струмица во просториите на Europe House ја посети и претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. Претседателот напиша дека нејзиниот храбар храбар пример е мотив за сите нас да помагаме.
„Со младата хероина од Струмица, шестгодишната Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак.Нејзиниот храбар пример е мотив за сите нас да им помагаме на ранливите групи и особено на децата кои се соочуваат со тешки болести, со цел полесно да ги надминат состојбите.“, стои во објавата на Пендаровски.