Ова е рецепт за вкусни бомбици што мошне лесно се приготвуваат. Не е потребно ништо да месите, нема потреба од печење, а се вистински погодок за оние што имаат алергија на глутен или го избегнуваат во исхраната.
Потребни состојки:
- 200 g суви кајсии
 - 100g суво грозје
 - 100g урми
 - 100g мелени бисквити (оние што не се алергични може наместо бисквити да користат мелени лешници или бадеми)
 - 3 лажици кокосово брашно
 - Екстракт од ванила
 - Лажичка цимет (по желба)
 
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во сецко или во блендер и се мешаат. По ова од добиената смеса се прават топчиња, се валкаат во кокосово брашно и ги вметнуваме во хартиени корпички.
Може да ги направите 1 или два дена порано и да ги чувате на студено место.























