Со вкупно 22 деца од својата школа, ШК Цареви Кули од Струмица настапи на Младинскиот турнир “Наум Наумовски – Борче“ во Скопје, кој се одржуваше изминативе три дена.
Надежниот Мартин Гоцев повторно успеа да се закити со еден од трите медали, овојпат со бронзениот, освојувајќи го трето место во групата U10.
Исто така, прекрасно изненадија младите талентирани шахистки, Надица Велкова и Ина Крумова, кои ги освоија второто и третото место за девојчиња, во групата U8.
Во групата U18, настапивме со 11 млади играчи каде најмногу пријатно изненади дебитантот Христијан Попов кој, со 5 од 7 поени, го освои 13-то место од вкупно 108 играчи.
Вреди да се потенцира дека, ако се земе во предвид возраста на децата, до 12 годинишни, Јован Крумов беше 7мо пласиран од 34 свои соврсници, Кристијан Кавазов беше 6ти во групата до 14 годишни деца, во која имаше вкупно 32 играчи, Христијан Попов беше 5ти од вкупно 28 врсници до 16 години, а Доне Ангелов беше 5ти од вкупно 8 врсници до 18 годишна возраст.
Ова се групите и имињата на сите наши момчиња и девојчиња кои играа и се дружеа за време на турнирот:
Група U8:
Јован Вукашиновиќ
Надица Велкова
Ина Крумова
Јован Танчев
Трајче Карадакоски
Давор Диков
Ана Касапова
Група U10:
Мартин Гоцев
Мартин Велков
Тодор Партенов
Марко Јовановски
Група U18:
Христијан Попов
Доне Ангелов
Кирил Гоцев
Кристијан Кавазов
Јован Крумов
Доне Митев
Горјан Танушев
Иле Јанев
Аристид Маџунков
Огнен Митевски
Сашка Стојчева
Браво за сите што учествуваа и се натпреваруваа, гордо претставувајќи го нашиот шаховски клуб во убаво светло.