strumica denes logo

Д-Р ЖИВКО ГРУЕВСКИ: 20 МАРТ КАКО „МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СРЕЌАТА“!

Автор:

Датум:

март 18, 2023

Автор:

Датум:

март 18, 2023

„Тажните луѓе привлекуваат тажни луѓе, Осамените луѓе привлекуваат осамени, Емотивните луѓе привлекуваат емотивни, а СРЕЌНИТЕ луѓе, тие ги привлекуваат СИТЕ луѓе!“

Со Резолуцијата на ОН 65/309 од јули 2011, едногласно прифатена од Генералното Собрание , официјално е дефинирано дека стремежот и потрагата за постигнување СРЕЌА и благосостојба е фундаментална или базично легитимна ЦЕЛ во животот на човекот. Последователната Резолуција 66/281 од 2012, го установува и формално 20 март како „Меѓународен ден на среќата“. Акламативно е заклучено дека среќата на луѓето мора да биде инкорпорирана како главна цел во развојните државни политики на сите земји членки на Обединетите Нации, во духот на глобално усогласените цели познати како „MilleniumDevelopmentGoals – MDGs“.

Почнувајќи од 2014 година и базирајќи се првенствено на комплексните евалуации од „Gallup World Poll“, редовно се публикува ранг-листа на државите по индексот на среќа, како „Светски извештај за среќа и квалитет на животот“. Согласно овие званични извештаи , последователно во последниве неколку години Финска е рангирана како најсреќна земја, а Финците како најсреќни луѓе во светот. За жал нашата држава во континуитет е рангирана во втората група на најмалку среќни земји во светот, а македонските граѓани се помалку среќни од сите други во соседните балкански земји.

За ваквите навистина поразителни резултати , во најголема мера треба да им “заблагодариме” на нашите дежурни кочничари на развојот кои агресивно ги манифестираат своите лични фрустрации и комплекси изворно поврзани со нивниот „лузерски“ код на животна неисполнетост и нереализираност како вистински вредни личности. Овие хронично незадоволни и длабоко несреќни индивидуи упорно управуваат со своите активности гледајќи во ретровизорот и возејќи во „рикверц“, не прифаќаат промени и упорно одбиваат да ги отфрлат вкоравените предрасуди и песимистичкото чувство на губитници или судбински страдалници од памтивек кои ете никој не ги сака а странските инвеститори само ги искористуваат за нивните лукративни цели… (???)

А сега да се вратам кај најсреќната земја на светот – Финска. Да, Финска е една од најзелените земји на Земјината топка… Во оваа далечна земја на северот на Европа, шумите претставуваат околу 72 проценти од територијата а езерата уште додатни 10 проценти. Воздухот, шумите, езерата и водата за пиење се еколошки извонредно чисти!!! Финска има развиено земјоделство, но исто така е и една од нај – рударските земји. Рударството таму има повеќевековна традиција и е суштински значаен сегмент на финското општество и националната економија. Во актуелниве времиња функционално оперираат со повеќе од 40 рудници на метали и неметали. Таа е водечки европски производител на никел и злато, но и значајно производство на бакар, цинк, кобалт, сребро, како и голем потенцијал за литиум.

Еее, тука сигурно ќе се запрашате – како тоа Финска успеала истовремено еколошки да ја заштити својата природа , а отворила и оперира со најголемите европски рударски комплекси? Па според нашите дежурни кочничари тоа е „missionimpossible“…

На почетокот на овој век, како резултат на гласно изразената загриженост за зачувување на животната средина и стравот од можните трајни последици по локалните заедници, Финска поминувала низ период на силна кампања против рударството. Владата во 2012 година отворила јавен дијалог со вклучување на науката и граѓанскиот сектор , за дефинирање на националниот став и развоен правец кој Финска сака да го заземе во однос на секторот рударство. Преку конструктивен дијалог, рударството е јасно препознаено како најсигурен извор на огромни развојни можности, условено со примена на најдобрите современи технологии и стандарди. Консеквентно, Финците забрзано го усвоиле новиот акционен план со цел да ја постават нивната земја на водечката позиција – лидер за одржлива рударска индустрија на 21 век!

Финскиот рударски сектор, заедно со извонредно силната индустрија на производители на рударска опрема, има одлична репутација во целиот свет. Тоа се должи пред сѐ на стриктната примена на највисоките технички, економски и еколошки стандарди, како и оние во однос на здравствената заштита. Голем број од рудниците се наоѓаат во „зелени“ региони, блиску до природни паркови, водени површини но и урбани центри. Несомнено, нивните технологии за користење на природните рудни ресурси на одржлив начин и заштита на екологијата и здравјето на луѓето, се помеѓу најнапредните во светот… Финците ги развиле до највисок степен „зелените технологии“. Од тоа , корист има целата планета затоа што Финска е одличен пример кој е јасен доказ дека современото одржливо рударство, економскиот развој и заштитата на животната средина, можат многу сложно и усогласено да се развиваат низ следните генерации!

Д-р Живко Груевски

(Комерцијална ПР објава)