Димитар Ковачевски, премиер на Република Македонија:
Неуморно работиме на подобрување на животот и стандардот на нашите граѓани.
Ја намаливме и замрзнавме цената на белиот и полубелиот леб. Во истата насока продолживме и со намалување на цените на тестенините за 15%. Ги намаливме цените на млечните производи за 10%. Со ова сакаме да го обезбедиме потребното олеснување за семејствата и олеснување на семејните буџети.
Нашиот фокус е долгорочен и не застануваме овде. Посветено градиме посветла иднина за сите нас. Создаваме просперитетна држава и инвестираме во нашите граѓани и нашите бизниси.
Денес лично се уверив дека овие одлуки за намалување на цените се почитуваат од страна на трговците и производителите.
Никого не оставаме сам да се справува со кризата!