Обожаваме пилешко, а од вакви лесни рецепти во кои овој тип на месо игра главна улога – никогаш доста.
Донесете го вкусот на Италија во вашиот дом и подгответе сочно капрезе пилешко со богат сос, шери домати и стопена моцарела.
Потребни состојки:
За маринадата:
- ½ шолја балсамико оцет
- ½ шолја пилешки бујон
- 1 лажица маслиново масло
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лажичка Дижон сенф
- 1 чешне сечкан лук
- 2 лажички мешан зачин
- 1 лажица исечкан босилек плус дополнително за сервирање
- сол + бибер по вкус
За пилешкото капрезе:
- 4 парчиња пилешки гради
- 2 чаши шери домати преполовени
- 150 g моцарела, исечена на тенки парчиња
Начин на подготовка:
- Маринирајте го пилешкото: комбинирајте ги состојките за маринадата во сад за печење. Добро измешајте ги, па додадете го пилешкото месо, превртувајќи го неколкупати во маринадата за целосно да се премачка. Покријте го месото и ставете го во фрижидер 30 минути.
- Откако ќе се измаринира месото, загрејте ја рерната на 220 степени. Извадете го пилешкото од фрижидерот и извадете мал дел од маринада сосот, доколку сакате помалку сос, односно помалку течност.
- Додадете домати во сад за печење и измешајте ги со балсамичната маринада да се покријат, а потоа наредете го пилешкото месо.
- Печете го пилешкото во загреана рерна 20-25 минути, или додека не се зарумени добро (точното време на печење зависи од дебелината на пилешкото месо).
- Внимателно извадете го садот од рерната и рамномерно покријте го секое парче пилешко месо со моцарела. Печете уште 4-5 минути или додека сирењето не се стопи.
- Послужете со свеж или сушен босилек врз печеното месо.