strumica denes logo

ГРАДСКО БАЛДОВЦИ ЌЕ ДОБИЕ ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА!

Автор:

Датум:

март 6, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 6, 2023

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🔴Граѓаните на Градско Балдовци бараат, ние исполнуваме.

Денес со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го посетивме Градско Балдовци за да го најавиме почетокот на работите за изградба на фекална и атмосферска канализација во ова населено место.

Отпадните води од домаќинствата и производствените погони преку 5 главни колектори ќе завршуваат во пречистителната станица, а атмосфесрските води преку 8 колектори ќе се спроведуваат до реципиентот – река Тркања. Изградбата на дел од колекторот „Муртино – Сачево – пречистителна станица“ е наша обврска, а останатото ќе биде производ на одличната соработка со Министерството за транспорт и врски.

Општина Струмица се сака со дела.