Атлетичарот на AC BELASICA RUN Столе Ангеловски, за време на својот одмор во Германија зеде учество на трка во маратон во која успеа во интересен и неизвесен финиш да заврши на третото место 🥉 во генерален пласман. Исто така тој направи и личен рекорд на делницата од 42,195 километри кој гласи 2 часа 58 минути и 5 секунди.
Искрени честитки и од тимот на Струмица Денес!
Резултатите од трката може да ги видите на следниот линк: https://my.raceresult.com/220058/?fbclid=IwAR3q-FD7pt8nImYq6zxIGbQ-RIUB9Em-vWQP1i8vVi3YWqrnCLHe0kn0UUE