После учевството на Макфест 2021 година со ,,Не крши ме,, и на Охридски трубадури 2021 година со ,,Вреди ли,, Наталија Данаилова ја промовира нејзината нова песна ,,Небо диво,, за која што сними и видео запис.
Музиката и текстот се на Весна Малинова а аранжманот го направи Илија Ќосевски. Песната се снимаше во ИКЈ студио во Штип а видеото го снимаше Ѓорѓи Вацев.