strumica denes logo

МОН: Корисниците на ученички и студентски стипендии ќе добиваат зголемени месечни износи

Автор:

Датум:

март 4, 2023

Автор:

Датум:

март 4, 2023

На иницијатива на Министерството за образование и наука, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, постојните стипендисти со активен договор потребно е до Министерството за образование и наука да достават пополнет и потпишан анекс на договорот за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.

Анексот се пополнува и доставува во три примероци, во писарницата на министерството или преку пошта (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје), најдоцна до 17.3.2023 година.

Грижата за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард останува врвен приоритет на Министерството за образование и наука. Зголемување на финансиската поддршка за учениците и студентите, го олеснува процесот на образование и го насочува фокусот кон неговата суштина – стекнување на соодветни знаења и вештини.

ИЗВОР: МОН