Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следствено – одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на свети Петар, а свети Петар го исправи. Пред смртта, четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва се додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.
Денес се празнува Свети Лав I, папа Римски
Времето денес ќе биде роменливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде роменливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб…
Денес се празнува Светата маченичка Харитина
Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и…
„FIZOMA CENTER“ НУДИ ОДЛИЧНА ПЛАТА: СЕ БАРА РАБОТНИК – ВУЛКАНИЗЕР!
Познатата компанија „FIZOMA CENTER“ бара работник ВУЛКАНИЗЕР. Нудат одлични услови и плата. Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може…
Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов излегува со уште еден доказ за…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Градонаначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов ми испратил…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Јеротеј
Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави…