strumica denes logo

Минималeцот од март ќе биде 20 175 денари, вели Битиќи!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2023

Автор:

Датум:

февруари 26, 2023

Според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето, вели вицепремиерот за економски прашања

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори“, рече денеска Битиќи.

На почетокот на месецот и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на минималната плата во приватниот и јавниот сектор.

Бектеши рече дека минималецот најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година.

Минималецот во март околу 20 500 денари, а линеарно ќе се зголеми и платата на административците за 2 000 денари, најави Бектеши

Дополнително на тоа, како што најави Бектеши, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.

Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.