Овие палачинки брзо се подготвуваат, а за брзо време ќе ви станат омилено мезе за седенки.
Се подготвуваат мошне лесно, а ќе им се доапднат на сите што сакаат да пробаат малку поинаква храна од компир.
Исто така, овој рецепт е одличен за да го искористите пирето што ви останало, а не сакате да го фрлите.
Потребни состојки:
- 1kg компир;
- 200g брашно;
- 200ml млеко;
- 100ml минерална вода;
- 2 јајца;
- 250g шунка (исечкана на коцкички);
- 2 чешниња лук (истолчени);
- ½ лажичка сол;
- Црн бибер по вкус;
- магдонос;
- масло за готвење;
- 1 лажица вегета.
Начин на подготовка:
- Компирот се вари, а потоа се лупи, ситно се ренда и се остава во цедалка да се исцеди па потоа се префрла во длабок сад;
- Се додава брашно, млеко, шунка, разматени јајца, сол, бибер, исечкан магдонос, лук и вегета;
- Се додава и минералната вода и смесата се меша и се остава да отстои околу 10 минути;
- Се зема тава со нелепливо дно и се става малку масло да се загрее и со лажица на средна температура се пржат палачинки, сѐ додека не ја потрошите целата смеса;
- Палачинките се печат од двете страни по 10-тина минути или додека не добијат златно жолта боја;
- Готовите палачинки може да ги послушите со рендан кашкавал и ситно исечкан млад кромид.