Состојки
- 500 гр мелено месо
 - 1 кромид
 - 1 јајце
 - 2 лажици презла
 - 1,5 лажица брашно
 - 3 лажици доматно пире
 - 1 лажица сув зачин
 - 1/2 лајче црн бибер
 - 1 лајче сув магданос
 - 1 лажица црвена пипер
 - 200 мл вода
 
Подготовка:
- Во длабок сад се става меленото месо, јајцето, презлата и зачините. Се меси со рака и се остава да стои во фрижидер 30мин.
 - Се обликуваат топчиња и се пржат во загреано масло додека да поруменат.
 - Кога ќе се испржат кофтенцата во истото масло се додава 1,5 лажица брашно, црвен пипер, 200 мл вода и 3 лажици доматно пире. Овде се додаваат кофтенцата и заедно се варат во сосот околу 15мин. На крајот се додава магданос.Се сервира со пире, шпагети или само вака секако е одлично со салата. На здравје!
 























