Состојки:
- 250 мл млеко
- 40 гр свеж квасец (или 15 гр сув)
- 1 лажица шеќер
- 1 ќесиче ванилин шеќер
- на врв на лажиче сол
- неколку капки ракија
- 50 гр омекнат путер
- 2 јајца
- 600 гр брашно
Подготовка:
- Квасецот се става во млакото млеко со шеќерот и една лажица брашно да запени.
- Потоа се замесува тесто додавајќи ги останатите состојки.
Тестото се остава да се дуплира. - Откако ќе нарасни се расукува на благо набрашнета површина и кружен калап се вадат форми кои покриени се оставаат да отстојат 10на минути.
- Се пржат редоследно започнувајќи од страната која лежеле сега да е горе.
Вака направени со дупче во средината не им треба многу време да се испржат. По некоја груба пресметка отприлика по минута, но не и две од секоја страна. - Испржените крофни се одложуваат врз кујнска хартија и потоа се прпелкаат во шеќер во прав.