Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против С.З.(33) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 09.02.2023 во Струмица, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.