strumica denes logo

ВИКЕНД ДЕСЕРТ: Чоколадни бомбици со вишни!

Автор:

Датум:

февруари 10, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 10, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Потребни состојки:

  • 300ml вода;
  • 400g шеќер;
  • 250g маргарин;
  • 350g мелени ореви;
  • 200g мелени бисквити;
  • 8 ситно издрбени розен кори;
  • 1 ќесе замрзнати вишни;
  • 250g чоколада за готвење;
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се варат на средна температура со повремено мешање, а кога ќе зоврие водата, се остава да врие уште 3 минути и се гаси ринглата;
  2. Во водата се додава маргаринот исечкан на коцкички и се меша со шпатула додека не се стопи во целост;
  3. Смесата се трга од рингла, па се додаваат мелените ореви, бисквити и издробените розен кори и смесата се меша додека не се соедини, по што се остава да се олади;
  4. Од готовата смеса се формираат бомбици, а во средината на секоја од нив се става по една претходно исцедена вишна;
  5. Готовите бомбици се редат на плех, а потоа се оставаат во алдилник за да се стегнат;
  6. Чоколадата се топи на пареа и ѝ се додаваат 5 лажици масло за јадење, па со оваа глазура се прелеваат бомбиците и се оставаат да се стегнат. Дополнително можете да ги декорирате со мелени ореви или со други декорации за колачи.