Владата на седница донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Република Турција.
На предлог на Министерството за одбрана, ќе бидат испратени нови 36-мина припадници на Армијата– Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција.
Донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Република Турција во санирањето на последиците од земјотресот.
Се испраќа и, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето.