strumica denes logo

Силен земјотрес ја погоди Турција, сеизмолозите велат дека би можел да биде најсилен во историјата на земјата!

Автор:

Датум:

февруари 6, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 6, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Сеизмолозите оценуваат дека земјотресот што синоќа ги погоди Турција и Сирија би можел да биде најсилниот во историјата на Турција.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Сеизмологот од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Стивен Хикс изјави дека претходниот голем земјотрес, исто така со интензитет од 7,8 степени е регистриран во североисточна Турција во декември 1939 година, при што загинаа 30.000 луѓе.

Во јануари 2020 година, земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот околу Елазиг, град во источна Турција, при што загинаа 41 лице, а над 1.600 беа повредени.