Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Од сите традиционални манифестации кои секоја година се одржуваат во нашиов град, „Изборот на спортист на годината“ е една од манифестациите која најмногу ја сакам. Тоа е така затоа што овој избор секогаш е собир на исклучително позитивни луѓе богати со дух и со љубов кон својот град, бранејќи ги неговите бои низ спортските терени ширум земјава, па и надвор од неа.
Малку се градовите во земјава кои можат да се пофалат со толку многу успешни спортски имиња и презимиња, познати репрезентативци и интернационалци кои ја испишувале македонската спортска историја. Струмичкиот спорт претставува едно големо и непроценливо богатство.
На вечерва избраниот најдобар спортист за 2022 година Владо Милев од ОК СТРУМИЦА 47&72 и на сите спортисти, екипи и тренери кои се закитија со награди и учествуваа во изборот, им честитам за успесите и им посакувам уште поголеми во иднина.
Општина Струмица и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме нивни добри поддржувачи и пријатели. Струмица е спортски град и таков ќе остане.