Четири дена пред одбележувањето на родененот на Гоце Делчев полицијата е веќе распореден околку црквата Свети Спас во Скопје каде што се наоѓа и гробот на македонскиот великан.
На улицaтa „Самоилова“ која поминува до црквата ќе се паркирани полициски возила, а полицајци има пред влезот на објектот.
Овие активности на МВР доаѓаат по најавите дека поголем број бугарски граѓани, во сабота ќе дојдат во Скопје да се одбележи роденденот на Делчев. Како контра активност, повеќе патриотски здруженија најавија дека ќе организираат таканаречени ноќни стражи. По дојавите дека провокатори ќе се обидат да предизвикаат инциденти, институциите настанот го третираат како високо ризичен.
Министерот за внатрешни Спасовски и денеска ги повика граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и уверуваше дека МВР нема да дозволи ниту нарушување на јавниот ред, ниту провокации. Дали на некого од Бугарија ќе му биде забранет влез во земјава, повтори дека ќе се одлучува дополнително.