Македонската фудбалска легенда Горан Пандев исполни своја дамнешна желба и го посети својот омилен клуб од детството. Пандев викендов беше во посета на српскиот шампион и поранешен европски владетел Црвена Звезда.
Пандев се сретна со претседателот Светозар Мијаиловиќ, размени клупски дресови и го посети трофејниот музеј во кој трофеи освојуваа Дојчиновски, Најдоки, Панчев, Канатларовски, Стојковски…
„Нашиот клуб ја пречека легендата на македонскиот фудбал и голем навивач на Црвена Звезда, Горан Пандев кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон нашиот тим“, објави култниот српски клуб кој има многу навивачи и во нашата земја.
Црвена Звезда е актуелен шампион на Србија и лидер во првенството на нашиот северен сосед.