Секретарот на општина Струмица Александар Оџаков ги презентираше надлежностите на Општината пред младите учесници во програмата „Учиме право“ во рамките на предавањата што за средношколците ги организира Центарот за истражувања и анализи НОВУС од Струмица во соработка со Младински Образовен Форум, а одобрено од Министерство за образование и наука.
Програмата е насочена кон едукација на младите за човековите, граѓанските и политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија. Истата е изградена врз основните принципи на неформалното образование и преку интерактивни методи на работа и интерактивни предавања кои се разликуваат од традиционалниот начин на предавање во училниците.
Струмица како отворена и транспарентна општина секогаш ги поддржува младите луѓе и нивните програми и проекти.