Пандемијата, прекинатите синџири на производство и снабдување, лошата глобализација, рецесијата, инфлацијата, растот на цените на инпутите, геополитичките судири на моќните земји. Имаа значително влијание врз намалувањето на вредноста на компаниите и богатството на бизнисмените во 2022 година.
Со внимание се следи трката на милијардери за светскиот трон на најбогат човек на планетата. Илон Маск и Џеф Безос „се борат до последен цент“ (од време на време скока некој како Бил Гејтс или Бернард Арно, што ја прави трката интересна и неизвесна).
Иако по вредност е далеку пониска, не е неинтересна ниту трката на регионално тло, каде за првпат на листата на милијардери се појави и човек од Македонија.
Српски Недељник минатата година ја објави листата на најбогатите луѓе во Србија, а годинава за прв пат ја носи листата на најбогати луѓе во регионот исклучиво во соработка со водечките медиуми од регионот.
Според анализата на неделникот вредноста на компанијата „ИГМ Трејд“ на Илија Гечев се проценува на 1,054 милијарди евра. Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа.