Според претседателот Стево Пендаровски, во Македонија имало напредок во делот на корупцијата, но како што рече тоа не е доволно и сме далеку од европскиот процес.
Тоа го изјави вчера одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето на тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“.
Тој останува на ставот дека скок од 24 места на табелата на Извештајот на Транспаренси интернешенeл не е за потценување.
Имаме скок од 24 места на таа табела што не е мала работа. Но, како што кажав и во годишното обраќање во Собранието, тоа не е доволно затоа што и на таа позиција на која сме, на 87-мо место од 180 држави во светот кои се анализирани и мерени, ние сме сепак далеку од европскиот просек и тоа треба да ни биде целта. Значи, напредок имаме, меѓутоа не е доволен – потенцираше Пендаровски.