strumica denes logo

ФАНТАСТИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА МИНИ КРОФНИЧКИ

Автор:

Датум:

јануари 13, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

јануари 13, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 2 лажички шеќер
  • 1-2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 300 мл јогурт
  • 300 гр брашно
  • рендана кора од лимон
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 500-600 мл масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Рачно разматете јајца со шеќер, ванила, додајте сол, јогурт, рендана кора од лимон и потоа брашно, малку по малку, прашок за печиво. Добро разматете со лажица па оставете десетина минути, а за тоа време ставете масло да се загрее.
  2. Пржете во врело масло. Додека се пржат вртете ги и готови вадете ги на салфета да се исцедат. Посипете со шеќер во прав.