Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
⭕️ Струмица е пример во државата за активна соработка помеѓу Општината и училиштата.
Веруваме во капацитетот на стручните училишта и ја реализираме иницијативата за активни училишта.
Денеска ја потврдивме во ООУ „Никола Вапцаров“ каде што се испорачани вкупно 927 шкафчиња за ова и училиштето во Градско Балдовци, односно, секој ученик има шкафче за своите потреби.
Шкафчињата ги изработија учениците и професорите од дрвно-преработувачката струка во СОУ „Никола Карев“, а материјалите ги донираше Општината во вредност од 1,7 милиони денари.
Иницијативата е на учениците што значи и тие партиципативно учествуваат во креирањето на локалната политика, затоа што ние сме Општина отворена за соработка со сите граѓани.
Оваа успешна практика ќе ја продолжиме и понатаму со други струки во СОУ „Никола Карев“, но и со СОУ „Димитар Влахов“.
Веруваме во капацитетот на нашите ученици и вложуваме во нивниот образовен практичен процес и затоа го зголемуваме буџетот за образование од 4 во оваа, на 14 милиони денари за следната година.
Од срце за учениците на Струмица ❤️