На 17.12.2022 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.12.2022 во 06.20 часот во СВР Струмица, Р.Х.(37) од Струмица пријавила дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Струмица нејзиниот сопруг М.Х. бил физички нападнат од лицето И.К. од Струмица. Се работи на расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во 21.10 часот во СВР Струмица, П.К.(47) од с.Иловица, општина Босилово, пријавил дека околу 13.30 часот во близина на Иловичка брана неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.К.. Се работи на расчистување на случајот.
На 18.12.2022 во 05.30 часот во СВР Струмица, лицето М.Г.(26) од Струмица пријавил дека околу 04.20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 17.12.2022 во 12.15 часот во СВР Струмица, С.Б.(39) од с.Баница, струмичко, пријавил дека во Медицински центар Струмица, тој, неговата сопруга и синот биле физички нападнати од М.С. Д.С.,В.С., В.С. и Р.С., сите од село Баница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.