Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Куклиш добива нов Дом на културата.
По 9 години од опожарувањето на стариот, започнаа градежните активности за изградба на новиот Дом на културата.
Со моите соработници, претседателот на Советот и советници, денеска бевме во селото за да видиме како се одвива првата фаза која опфаќа рушење на градбата од стариот дом и изградба во карабина фаза на новиот дом.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 7 милиони денари од кои 4 милиони денари се од Министерството за локална самоуправа, а останатите ги обезбедивме од општинскиот буџет.
Нов Дом, за нови културни настани, за исполнет живот на сите во Куклиш.