strumica denes logo

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА НА СТРУМИЧАНКАТА НАТАША СТОИЛКОВА „ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ Е УБАВ“

Автор:

Датум:

декември 18, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 18, 2022

Категории:

Струмица

Деновиве излезе од печат романот „Затоа што животот е убав“ од авторката Наташа Стоилкова, којшто е наменет за македонската и за австралиската читачка публика. Браво и искрени честитки за Наташа!

Инаку, Наташа Стоилкова е професор по македонски јазик и литература. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија и проза. Автор е на книгите: „Емоционална катарза“, „Разновидни мисли“ , „Проверување и оценување знаења на ученици“, трите во издание на успешната и прва македонска издавачка куќа „Култура“. Романот „Затоа што животот е убав“ е нејзина четврта книга. Работи како професор по македонски јазик и литература во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица, општина Босилово – Струмица.

Во текот на нејзиниот долгогодишен работен стаж како ментор на ученици добитник е на бројни награди, пофалници и признанија. Во 2011 година учествуваше како ментор на општинско – регионалниот литературен конкурс на тема: „Борете се за детските права“, организиран од општинската установа „Дом за деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица и има освоено посебна награда во проза. Извадок од овој текст награден со посебна награда во проза беше објавен во списанието „Наш свет“ број 8, во ноември, 2011 година. Има добиено сертификат за учество на обуката „Унапредување на медиумската писменост во Македонија“, а поседува и меѓународен сертификат за обуката „Меѓусебно разбирање во образовниот процес“. Во ноември, 2018 година, во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ се стекна со сертификат од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за учество во советување на тема: „Употребната вредност на литературата за деца во списанијата: Росица, Другарче, Развигор и Наш свет во воспитно – образовниот процес“.

Во март, 2019 година, за книгата „Емоционална катарза“ доби меѓународна благодарница и признание за промовирање и афирмирање на македонскиот јазик и литература во светот од Македонското литературно друштво и библиотека „Ванчо Николески“ од Квинбијан – Австралија.

Во април, 2019 година, по повод одбележувањето на Светскиот ден забезбедност и здравје при работа, учествуваше во проектот одобрен од Министерството за образованое и наука на тема „Безбедност и здравје при работа“ како ментор на ученици и како член од комисијата која ги оценуваше литературните творби. Во истиот проект и со истите улоги, ментор на ученици и член на комисија за оценување литературни творби, учествуваше и во 2020 , 2021 и тековната 2022 година.

Во јуни, 2019 година, се стекна со сертификат од Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ – Скопје за учество во советување на тема: „Библиотеката – Темел на писменоста“.
Во јули, на 13.07.2019 година, на годишнината од Македонска радио програма на австралиското радио 2ХХ 98,3 FM од Камбера – Австралија за книгата „Емоционална катарза“ доби благодарница и признание за беспрекорна поткрепа во развивање на македонскиот литературен јазик на македонската радио програма.

Од 16 до 20 октомври 2019 година, нејзините книги беа изложени и претставени на најголемиот книжевен настан во светот – Саем на книгата во Франкфурт, Германија. На 07.09.2020 година, по повод 8 Септември – Денот на независноста, доби признание од Општина Босилово за промовирање и афирмирање на Општина Босилово, македонскиот јазик и македонската литература во државата и пошироко преку нејзините книги.

На Наташа ѝ посакуваме уште многу успеси, да продолжи и понатаму да ги промовира македонскиот јазик и македонската литература во светот преку пишаниот збор.